вторник, 8 октомври 2024

Уште шест земји се приклучуваат во БРИКС, меѓу нив Иран и Саудиска Арабија

Објавено на

часот

Сподели

Заедно со Иран и Саудиска Арабија, членки на БРИКС од 2024 година треба да станат и Обединетите Арапски Емирати, Аргентина, Египет и Етиопија.

БРИКС во моментов се состои од пет економии во развој, Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, кои постигнаа договор за проширување на блокот на самитот оваа недела.

Проширувањето на групата БРИКС следната година ќе биде второ, бидејќи на блокот, кој беше формиран во 2009 година од Бразил, Русија, Индија и Кина, една година подоцна му се приклучи и Јужна Африка.

Петте членки на групата БРИКС во моментов сочинуваат околу 40 отсто од светското население и имаат удел од повеќе од 25 отсто во глобалниот бруто-домашен производ.

При најавата дека блокот ќе се прошири, до Рамафоса беа и лидерите на Кина, Бразил и Индија, Си Џинпинг, Луис Ињасио Лула да Силва и Нарендра Моди.

Рускиот претседател Владимир Путин не присуствуваше на самитот откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење во март под обвинение за киднапирање деца од Украина. Путин на самитот учествуваше преку видеоврска, додека Русија во Јоханесбург ја претставуваше министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ