„Пријавени се околу педесетина куќи. Во дел од нив се живеело, а има и такви кои периодично ги користеле, најчесто за викендите. Изгорени се околу 30 плевни, 10 машини од земјоделска механизација, пчелни семејства. Има голема штета на територијата на опожарените подрачја“, изјави Владев.
Тој посочува дека најголемата битка со огнот била во село Немањици и дека пријавувањето на штетите од пожарот е до крајот на овој месец.Тој додаде дека во црквите и Црвениот крст во Свети Николе сѐ уште има пунктови каде се прибираат донации.
„На граѓаните во тој дел им се потребни хигиенски средства, мебел, резервни делови за машини, пелени и храна“, вели Владев.
Посочи дека ќе бидат потребни години за да се обнови она што огнот го пеплоса особено растителниот и животинскиот свет.