Тие освоија тенко мнозинство, но дури и тоа претставува извонреден триумф и пресврт за републиканците, кои пред само една година беа загрижени дека гласачите ќе ги казнат за хаосот и дисфункционалноста што го зафати Претставничкиот дом под нивно водство, пишува Њујорк Тајмс.
Републиканските лидери најавија дека имаат намера да ја искористат својата позиција за брзо усвојување на закони, вклучително и широк пакет даночни намалувања, олеснувања на регулативите за производство на нафта и гас и построги безбедносни мерки на границите.
„Републиканците во Претставничкиот дом и Сенатот имаат мандат“, изјави претседателот Мајк Џонсон на прес-конференција пред Капитол во вторникот. „Тоа беше решавачка победа низ целата нација“.
„Ќе го подигнеме натписот ‘Америка на прво место’ над ова место“, рече тој подоцна.
Гласачите го изразија своето незадоволство од сегашната Бајден-Харис администрација, така што многу демократи во Претставничкиот дом и партиски кандидати на крајот не можеа да го надминат перформансот на потпретседателката Камала Харис.
Никаде партијата не се соочи со поголем удар како во Пенсилванија, каде републиканците го победија пратеникот Мет Картрајт, кој го претставува својот округ во Скрентон од 2013 година. Претставничката Сузан Вајлд, која го освои 7-от округ Лехај вали во 2018 година, исто така загуби.
Голем број демократски кандидати во Претставничкиот дом ги надминаа очекувањата, ускратувајќи им ги победите на републиканците што ги очекуваа.
Демократите од Њујорк освоија три места, исфрлувајќи ги пратениците Марко Молинаро, Ентони Д’Еспозито и Брендон Вилијамс во Хадсон вали, Лонг Ајленд и Сиракуза.
Но во целата земја демократските предизвикувачи не успеаја во трките во кои партиските оперативци веруваа дека можат да победат. Пратеникот Дон Бејкон од Небраска, републиканец-ветеран, го освои четвртиот мандат во својот либерално оринтиран округ Омаха.
На крајот, демократите останаа без 218 места што им беа потребни за да го вратат мнозинството.