четврток, 10 октомври 2024

Уште денес сонце, од утре промена на времето со дожд, грмежи и северен ветер

Под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север, утре ќе настапи позначителна промена на времето.

Објавено на

часот

Сподели

„Од утринските часови најпрвин во северните делови ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер, наместа над 70 километри на час кој ќе продолжи и во понеделник. Дневната температура значително ќе се намали – утре за 6 до 8, а во понеделник уште за дополнителни 4 до 6 степени“, соопшти УХМР.

Промената на времето ќе почне вечер од запад каде што облачноста постепено ќе се зголемува. И во Скопје облачноста ќе се зголеми во текот на ноќта.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во вторник и среда времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

-Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд, најавува УХМР. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ