„Архивираната снимка на пилотот, неколку секунди по катапултирањето, е направена со уред со напредни мултимедијални способности. Уредот сосема случајно бил во неговиот џеб, и, нормално, бил „само за борбени дејства““, напиша Фјодоров, кој има повеќе од половина милион следачи.
Воениот блогер не откри каков авион е урнат, ниту кога и каде е направена снимката. Кажа дека пилотот преживеал.
„П.С. Нема да ви ги откријам локацијата и времето на снимањето“, напиша Фјодоров. „П.П.П.С Пилотот е жив, безбеден и се спрема повторно да тргне на Украинците!“
Снимката ја сподели и Антон Герашченко, поранешен советник на министерот за внатрешни работи на Украина.
„На интернет се појави снимка од руски пилот кој бил соборен, но успеал да се катапултира. Тој со телефон го снимил својот пад и падот на леталото“, напиша Герашченко.
„Бидејќи катапултирањето се случило над облаците на значителна височина, тоа би можел да биде пилот на ловец Су-30/Су-35 или на бомбардер Су-34. Судејќи по смиреното држење на пилотот, авионот е погоден длабоко во руска територија“, оцени тој.
Шефот на европската команда на САД, генералот Кристофер Каволи, во април кажа дека Москва изгубила околу 10 отсто од својата авионска флота во војната.
A video appeared online of a Russian pilot who was shot down but managed to eject. He filmed his and his aircraft’s fall on his phone.
As the ejection occurred above the clouds and at a considerable altitude, it could either be the pilot of a Su-30/Su-35 fighter or a Su-34… pic.twitter.com/dwYpgLUlmI
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 5, 2024