Секоја година, Европската награда за дизајн на производи, собира стотици апликации од целиот свет, а победници се оние кои носат револуционерни идеи и ги редефинираат стандардите во дизајнот. Оваа награда, која ја препознава извонредноста во дизајнот на производите, ја потврдува посветеноста на БАТ за иновации и супериорно корисничко искуство.
Европската награда за дизајн на производи е основана за да го истакне најиновативниот и најкреативниот дизајн на производи на глобално ниво. Жирито, составено од реномирани дизајнери, архитекти и експерти од индустријата, ги оценува производите врз основа на нивната функционалност, естетика и придонес во секојдневниот живот на корисниците. Оваа награда претставува еден од најпочитуваните стандарди во светот на дизајнот, обединувајќи ги најдобрите иновации од различни индустрии.
Уредот за загревање на тутун GLO e дизајниран да им понуди на корисниците модерна алтернатива на традиционалните производи. Неговиот уникатен дизајн и технолошки решенија го издвоија како победник во категоријата индустриски дизајн на производи. Ова признание е потврда за континуираните напори на БАТ да создава производи кои не само што се иновативни, туку и дизајнирани според потребите на корисникот.
Важно е да се нагласи дека во изминатите три години БАТ инвестираше повеќе од 1,4 милијарди евра во развојот, комерцијализацијата и науката зад портфолиото на тутунски и никотински производи со намален ризик*. Стратешката цел на компанијата е да ги префрли пушачите од цигари на алтернативни производи со намален ризик* и да стане бизнис без чад до 2035 година.
„Оваа награда е признание за сите нас во Бритиш американ тобако. Тоа ни значи многу, бидејќи е потврда за нашата посветеност на извонредност во дизајнот, но и за нашата крајна цел да ја трансформираме индустријата преку помалку штетни производи*, кои комбинираат врвна технологија и естетика. Признанието за GLO доаѓа како резултат на визијата и напорите на целиот тим на БАТ и дополнително не мотивира континуирано да ги подигаме границите на иновациите“, потенцира Саше Николовски, генерален менаџер за Албанија, Северна Македонија и Косово.
На почетокот на јуни минатата година, БАТ го лансираше уредот GLO HYPER PRO на македонскиот пазар, со што стана првата компанија од индустријата присутна со сите категории производи без чад, вклучувајќи електронски цигари, никотински кесички и загреани тутунски производи. GLO HYPER PRO носи комбинација од технолошки иновации и софистициран дизајн, вклучително и HeatBoost™ технологија за поинтензивен вкус и EasyView™ LED дисплеј за полесно управување со поставките и контрола на користењето.
Покрај уредот HYPER PRO, БАТ го претстави на пазарот и подостапниот GLO HYPER, кој нуди компактна големина, лесно користење и модерен дизајн, идеален за секојдневна употреба. Овој производ дополнително го проширува иновативното портфолио на БАТ и придонесува за глобалната цел да се создаде свет без чад од тутун.
*Врз основа на тежината на доказите и претпоставувајќи целосна транзиција од пушење цигари. Овие производи не се без ризик и предизвикуваат зависност.
Комерцијален текст