петок, 11 октомври 2024

Унгарија подготви автобуси за испраќање на азилантите во Брисел

Унгарија ги покажа автобусите кои ги подготви за превоз во Брисел на барателите на азил кои стигнуваат на нејзината граница со Србија, што предизвика гневна реакција на владата на Белгија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Унгарската влада во август најави, а во последните денови со медиумска кампања промовираше низа жолти градски автобуси изнајмени за таа цел.

„Европската Унија сака да ја натера Унгарија да ги пушти нелегалните мигранти кои ги сопираме на својата јужна граница“, кажа заменик министерот за внатрешни работи Бенце Ретвари.

„По примената на европските процедури, ќе им понудиме бесплатен билет во еден правец до Брисел. Ако Брисел ги сака, ќе ги добие“, кажа тој.

Ова е одговорот на Унгарија на рекордната казна од 200 милиони евра која во јуни ѝ ја изрече европското правосудство поради непочитување на договорот за право на азил, со казна од милион евра дневно сè додека не ја усогласи својата политика со прописите на ЕУ. Будимпешта одбива да ја плати казната, сметајќи ја за скандалозна и неправедна.

Заканата на Унгарија со превозот на мигранти во Брисел е неприфатлива, оцени белгиската државна секретарка за азил и миграции Никол де Мур.

„Тој циркус е штетен и контрапродуктивен и ја поткопува солидарноста и соработката во Унијата“, оцени таа, предупредувајќи на „флагрантното кршење на европските и меѓународните договори“.

Европската комисија одби да коментира, порачувајќи дека е навикната на „гласните изјави на Унгарија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ