недела, 3 ноември 2024

Уметност, среќен ти роденден

Објавено на

часот

Сподели

Прославата на раѓањето на уметноста е манифестација што во 1963 година ја осмисли францускиот уметник Роберт Филиу. Овој припадник на правецот „Флуксус”, на 17 јануари 1963 изјави дека уметноста е родена пред точно милион години, кога некој спуштил сув сунѓер во кофа со вода.

По смртта на Филиу, во 1987, уметниците од различни земји ја слават неговата мисла, а роденденот на уметноста се прославува и во музеите, со концерти, преку радиостаниците…, со обврска секој уметник да даде свој придонес, како подарок што може да се сподели со другите. Групата за Арс акустика при Европската радиоунија, предложи меѓународна размена на звучни подароци, а Виена и Стокхолм станаа два главни центри што на овој ден ги „дистрибуираат” уметничките подароци преку националните и независните радиостаници. Секоја земја-учесник се вклучува директно со емитување своја 20-минутна програма. Мината година во оваа „мрежа” учествуваа дваесетина земји.

Од лани, Младинскиот културен центар се вклучи во оваа глобална прослава за роденденот на уметноста со своја програма. Оваа година, роденденот на Уметноста ќе се слави утре, на 18 јануари, со што започнува и славењето на 40 години постоење на МКЦ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ