Според информацијата, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, вчера во водите на Охридското Езеро, реализирале мерки согласно Законот за рибарство и аквакултура.
Притоа, како што е наведено, на околу два километри од брегот на струшкото крајбрежје помеѓу Струга и селото Калишта биле пронајдени и одземени рибарските мрежи и уловот.
„При преземените контроли, полициските службеници, во водите на езерото, затекнале две лица, од Струга и Радожда, кои, управувале пловен објект без пловидбена дозвола поради што, ќе им бидат поднесени соодветни пријави“, стои во соопштението на СВР Охрид.