среда, 11 декември 2024

Уловена новата буба кабрио

Објавено на

часот

Сподели

Минатата недела беше претставена како концепт на саемот на автомобили во Детроит, а оваа недела шпиони-фотографи  на британското списание Ауто експрес веќе ја фатиле во живо целосно немаскирана.
Новата буба кабрио е дефинитивно „помашка“. Линијата на покривот е пониска и стаклените површини се помали од стариот модел, со подраматична предница и заден дел многу посличен на оригиналот.
Сè на сè, како и моделот со цврст покрив, бубата се враќа на корените.
Иако не дека не личи на претходниот модел, новата буба има остри рабови за сметка на позаоблената стара линија. Резултатот е посовремен изглед, кој ќе му се допадне на поширок дел од публиката, без да се компромитира добропознатата силуета.
Мотори ќе бидат истите како и во основната верзија, која веќе пристигна во Македонија. За почеток во понудата се бензинците 1.2 ТСИ со 105КС и 1.6ТСИ со 160КС. Дебито на новата дизел 2.0 со 140КС е најавено за следниот месец, а сигурно ќе биде и во понудата за кабриолет-верзијата.
Фолксваген најави дека оваа кабрио-изведба на бубата нема да биде единствена. Се подготвува и нова, спидстер-верзија, со само две седишта.

(Фотографиите се преземени од британскиот авто-портал Ауто експрес)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ