недела, 15 септември 2024

Украинската војска тврди дека со американски „патриот“ урнала руска хиперсонична ракета

Објавено на

часот

Сподели

Колку што е познато, ова е првпат Украина да успее да пресретне една од најмодерните руски ракети.

Командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешчук порача преку Телеграм дека хиперсонична ракета „кинжал“ е пресретната во ноќен напад над главниот град Киев претходно неделава. Тоа е првпат колку што се знае Украина да ги употреби системите „патриот“.

„Да, соборивме „единствена“ „кинжал“ ракета. Тоа се случи за време на ноќен напад на 4 мај на небото над Киевската област“, напиша Олешчук на Телеграм.

Тој кажа дека ракетата КХ-47 била лансирана од авион МиГ-31К оф руска територија и дека е соборена со ракета од „патриот“.

„Кинжал“ спаѓа меѓу најновите и најнапредни руски оружја. Руската војска наведе дека балистичката ракета има дострел од околу 2.000 километри и лета со брзина 10 пати поголема од брзината на звукот поради што е тешко да се пресретне.

Украинската војска претходно призна дека нема средства да ги пресретне овие ракети.

Украина ги доби првите системи „патриот“ на почетокот на април. Не наведе колку такви системи има, но ги доби од САД, Германија и Холандија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ