петок, 13 декември 2024

Украинска пратеничка тврди дека се спрема повлекување на украинската војска од Русија

Главниот командант на оружените сили на Украина генералот Александар Сирски се подготвува за повлекување на украинските трупи од руската Курска област, објави на Телеграм пратеничката на украинското собрание Маријана Безуглаја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сирски направил план за повлекување на трупите од Курската област, но не кажа колку територии во Доњецката и Харковската област за тоа време се „разменети“ со Русија и колку Украинци загинале“, напиша таа коментирајќи го извештајот на украинскиот командант.

Таа го повика главниот командант на оружените сили на Украина лично да остане на тој правец, односно во Курската област.

На почетокот на август украинската војска почна ненадеен упад во руската Курска област кога најпрво диверзантски, а потоа и механизирани единици ја преминаа руско-украинската граница и извршија напад на слабо бранетите села во пограничните делови на оваа област.

По неколку дена фронтот беше стабилизиран, но руската војска сè уште не успева да ги потисне украинските сили од својата територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ