Олешчук објави видео на Телеграм на кое се гледа „прецизен“ воздушен напад на мост, пишува Киев Индипендент.
„Еден мост помалку!“, наведе тој.
Commander of Ukrainian Air Force Mykola Oleshchuk shared footage of the destruction of another bridge over river Seim in the Kursk region. This has a significant impact on enemy logistics in the bridgehead. pic.twitter.com/LPJjUfgEuN
— WarTranslated (Dmitri) (@wartranslated) August 18, 2024
Иако не ја прецизираше локацијата на мостот кој е уништен, рускиот канал Маш на Телеграм наведе дека станува збор за мост на реката Сејм, во близина на Званоја.
Се соопштува и дека во нападот биле користени ракети ХИМАРС.
Киев Индипендент наведува дека не може самостојно да ги потврди овие тврдења.
Доколку се потврди дека мостот е уништен, тоа ќе биде втор мост што го уништија украинските сили во областа Курск од почетокот на нападот врз тој руски регион на 6 август.
Претходно, на 16 август беше погоден мост на реката Сејм, во населбата Глушковски.