вторник, 8 октомври 2024

Украина: Северна Кореја е најголемата закана за нас од сите руски сојузници

Меѓу сојузниците на Москва, Северна Кореја претставува „најголем проблем“ за Киев поради масивното снабдување на Москва со артилериски гранати што се користат на украинскиот фронт, изјави денеска шефот на украинската разузнавачка служба Кирило Буданов.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Од сите сојузници на Русија, нашиот најголем проблем е Северна Кореја, бидејќи со количината на воена опрема што ја испорачува, навистина влијае на интензитетот на борбите“, рече тој на конференција во Киев.

Властите на Северна Кореја „обезбедуваат огромни количини артилериска муниција (…) и тоа е критично за нас“, рече генерал Буданов. „За жал, (…) не можеме да направиме ништо околу тоа во моментов“, призна тој.

„Фактот дека испорачуваат и балистички ракети е незгоден“, но, како што нагласи, е помалку сериозен поради помалата количина.

Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја го обвинија Пјонгјанг дека ѝ доставува на Русија муниција и проектили за да ја поддржи нејзината инвазија на Украина, која трае од февруари 2022 година.

Пјонгјанг ги негира обвинувањата, но истражувачката организација „Конфликт армамент рисрч“ оваа недела соопшти дека анализата на остатоците покажува дека „ракетите произведени оваа година во Северна Кореја се користат во Украина“.

Буданов смета дека Русија ќе се обиде да стави крај на војната „пред 2026 година“ со цел да избегне слабеење на своите позиции поради акумулација на економските проблеми, главно поради западните санкции и проблемите со мобилизацијата поврзани со значителните загуби на фронтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ