среда, 11 декември 2024

Укината забраната за тешки товарни возила на Стража

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража е укината во 10:40 часот, информираат од АМСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат. Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Надлежните апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ