Повредени се уште 12 лица, а едно лице е во критична состојба. Според извештаите на локалните медиуми, автобусот удрил во учениците и родителите додека стоеле пред училишниот влез во градот Таиан.
Возачот „изгубил контрола“ над возилото, објавија државните медиуми, и бил приведен додека полицијата ги истражува причините за инцидентот. Не е јасно дали инцидентот бил намерен, јавува Би-би-си.
Причината за оваа несреќа сè уште не е позната, но безбедноста во преоптоварените училишни автобуси долго време е проблем во Кина, оценува АП.
Во несреќа во 2017 година, дванаесет лица, вклучително и 11 деца од градинка, загинаа кога училишен автобус излетал од патот и се запалил во градот Веихаи, исто така во провинцијата Шандонг.