Како што пренесуваат српските медиуми, одреден му е притвор до 30 дена.
„Призна дека го извршил масакрот наведувајќи дека со употреба на автоматска пушка и пиштол на три локации на територијата на Смедерево и Младеновац пукал во повеќе лица кои се наоѓале во групи, а кои не ги познавал, за да го заплаши населението на наведените населени места“, пренесува Блиц.
Блажиќ е обвинет дека на 4 мај во текот на ноќта убил осум луѓе, а се обидел да убие уште 12.
„При претресот на осомничениот и просториите кои ги користел најдено е поголемо количество оружје и муниција, додека при бегството од лице место, најпрво украл туѓ автомобил, а потоа во близина на наплатната рампа „Мали Пожаревац“ му се заканувал со бомба на таксист и на патничка во такси возилото, која била бремена, и го натерал таксистот да го одвезе во Крагуевац каде Блажиќ во текот на утрово бил најден во куќата на неговиот вујко“, кажал за Блиц извор запознаен со истрагата.