понеделник, 14 октомври 2024

Уапсен осомничениот за протекувањето на доверливите документи на Пентагон (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

21-годишноот Тешеира е припадник на Националната гарда на воздухопловството на Масачусетс.

Неговото апсење следи по брзата истрага на американската влада по идентитетот на оној кој ги постирал доверливите документи на платформа на социјални медиуми популарна меѓу играчите на видео игри.

Тешеира прв го идентификуваше Њујорк тајмс вчера пред неговото апсење како лидер на групата во која се поставени доверливите документи, пишува Си-ен-ен.

Администрацијата на претседателот на САД Џо Бајден со денови се бори да ги намали последиците од истекувањето на доверливите документи, кои укажаа на потенцијални дупки во способностите на противвоздушната одбрана на Украина и ги разоткри приватните процени на сојузниците за низа разузнавачки прашања.

Американската влада работи на проценка на дипломатските и безбедносни последици на протекувањето на документите откако за тоа се дозна минатата недела.

Портпаролот на Пентагон на новинарите оваа недела им кажа дека протекувањето на документите претставува „многу сериозен ризик за националната безбедност“, а министерството за правда на САД отвори истрага за да го идентификува лицето одговорно за тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ