„Кривична пријава е поднесена против М.Р. од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, информираше Стефан Димоски, портпарол на секторот за внатрешни работи-Охрид.
Додаде дека Р.М. во неделата (22 септември) во просториите на ОВР Дебар бил агресивен кон полициските службеници при што се обидел со нож да ги нападне. Веднаш бил приведен и лишен од слобода.