сабота, 15 март 2025

Уапсен Бугарин, лажирал сообраќајни несреќи во Куманово

Кумановската полиција и криминалистичката полиција од СВР Скопје уапсија педесет и деветгодишен жител на Бугарија кој е осомничен дека во соработка со други лица извршил измами за наводни сообраќајни несреќи над повеќе луѓе, соопшти денеска полицијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 15:40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, во содејство со одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје го лишиле од слобода П.М. од Република Бугарија. Тој се сомничи дека на територијата на Куманово во соработка со повеќе лица извршил измами со наводни сообраќајни незгоди над повеќе лица. П.М. бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, информираше полицијата.

Од МВР постојано апелираат за претпазливост. Случаите со наводни сообраќајни несреќи се случуваат во одредени периоди. Претходниот период во СВР Куманово беа пријавени четири случаи на измами, а изминатата година два.

„Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат внимателни кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават“, апелираа од кумановската полиција.

СВР Куманово презема мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на сите сторители на измамите. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ