четврток, 27 февруари 2025

Туск го потсети Трамп дека ЕУ е создадена за да обезбеди мир, но и фер трговија

Полскиот премиер Доналд Туск денеска му порача на американскиот претседател Доналд Трамп дека Европската унија (ЕУ) не е создадена за да „изигра и да измами некого“, туку да обезбеди мир, почитување меѓу народите и да гарантира слободна и фер трговија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„ЕУ не е создадена за да изигра никого. Сосема спротивно. Таа е создадена за да го зачува мирот, да изгради почитување меѓу народите, да гарантира слободна и фер трговија и да го зајакне нашето трансатлантско пријателство. Толку едноставно“, рече полскиот премиер на мрежата Икс.

Туск, чија земја претседава со ЕУ до средината на оваа година, на овој начин реагираше на неодамнешното обвинување на Трамп дека ЕУ е создадена за да ги изигра САД.

„Тоа е нејзината цел и добро ја заврши работата“, рече неодамна Трамп, најавувајќи 25 отсто царини за стоките од ЕУ.

Европската комисија му одговори на Трамп дека е подготвена решително и итно да реагира на сите бариери што тој ќе ги постави за слободната трговија.

„ЕУ е најголемиот слободен пазар во светот и е благодет и за САД. Со создавањето на голем единствен пазар, ЕУ ја олесни трговијата, ги намали трошоците за американските извозници и ги усогласи стандардите и регулативите во 27 земји. Резултатот е дека американските инвестиции во Европа во голема мера се исплатат“, се вели во одговорот на Европската комисија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ