вторник, 15 октомври 2024

Турскиот произведувач на дронови Бајкар почна да гради фабрика во близина на Киев

Турската компанија Бајкар почна изградба на фабрика во близина на Киев која ќе вработува околу 500 луѓе и ќе ги произведува своите модели на дронови, кажа денес извршниот директор на таа компанија Халук Бајрактар.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој на маргините на Светскиот саем за одбрана во Ријад за Ројтерс потврди дека почнала изградбата на фабриката, која би требало да заврши за околу 12 месеци.

„Потоа преминуваме на поставување на внатрешните машини, опремата и организациската структура“, кажа тој.

Бајрактар напомена дека производниот капацитет би бил околу 120 единици секоја година, но додаде дека сè уште не е јасно дали производството во украинската фабрика ќе биде фокусирано на моделот ТБ2 или пак ТБ3.

Беспилотните летала „бајрактар“ од турско производство станаа популарни во светот откако украинската војска почна да ги користи во војната против руските сили за уништување оклопни возила и артилериски системи. Бајкар претходно соопшти дека потпишал договори за извоз на својот дрон ТБ2 со 30 земји, меѓу кои Украина, Етиопија, Либија и Азербејџан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ