понеделник, 7 октомври 2024

Тројниот убиец од БиХ ќе биде погребен, објавено кој ќе го преземе телото

Телото на тројниот убиец од Градачац од Босна и Херцеговина Нермин Сулејмановиќ и понатаму се наоѓа во Комеморативниот центар во Тузла, но новина е дека семејството поднело барање за негово преземање за да го закопаат.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа информација за Дневни аваз ја потврди директорот на Комеморативниот центар Тузла Фарук Латифагиќ. Како што кажа, тројцата стриковци на Сулејмановиќ поднеле барање да го закопаат убиецот и сега се чека на одлуката на општината Градачац. „Се чека само да видат каде ќе го погребаат, на кое гробно место“, кажа Латифагиќ.

Нермин Сулејмановиќ ја претепа и ја уби својата невенчана поранешна сопруга Низама Хеќимовиќ и сè пренесувал во живо на Инстаграм. Потоа ги убил таткото и синот Џенгиз и Денис Ондер, а тешко ја ранил нивната сопруга и мајка Хариса. Злосторството се случи на 11 август.

Низама Хеќимовиќ неколку дена пред убиството барала мерки за забрана за Нермин Сулејмановиќ, но општинскиот суд во Градачац го одбил барањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ