Како што информира МВР, М.Г. – директор на ЈП „Стрежево“, во периодот од 2019 до 2021 година пропуштил должен надзор на движењето над браната на хидроакумулацијата Стрежево. Тој не спречил да се движи тешка механизација како миксери за бетон, камиони со градежни материјали во заштитената зона на хидроакумулацијата, а со тоа на две лица им овозможил бесправно да изградат објекти.
Второпријавениот, раководител со стратешкиот објект „Брана“ Стрежево, во периодот од 2019 до 2021 година дозволил да се пропушти и движи тешка механизација во заштитената зона на хидроакумулацијата, а со тоа на две лица им овозможил бесправно да изградат објекти.
Третопријавениот, раководно лице на сектор за зафаќање, акумулирање, заштита и мониторинг на води, во периодот од 2019 до 2021 година, исто така дозволил да се пропушти и движи тешка механизација, како миксери за бетон, камиони со градежени материјали во заштитената зона на хидроакумулацијата, а со тоа на две лица им овозможил бесправно да изградат објекти.