Територијалната противпожарна единица на Кавадарци излегла на терен со осум пожарникари, две возила за техничка интервенција и едно амбулантно возило.
„Двете повредени лица во сообраќајката се помлади, на околу 23 години, а едното повозрасно“, информираа од ТППЕ Кавадарци.
Регионалниот пат Кавадарци-Росоман, од 7 часот е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, соопшти АМСМ.
Сообраќајката се случила на излез од селото Манастирец.