вторник, 15 октомври 2024

Трипуновски: Народот има право да знае како работеше претходниот министер Николовски

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска, во однос на цените и Законот за нефер трговски практики, најави дека наскоро ќе има конкретен план како ќе се постапува, а примарна цел е, напомена, да се заштитат и земјоделците и граѓаните.

Објавено на

часот

Сподели

Трипуновски на прес-конференција информира дека е во постојана комуникација со Министерството за економија.

„Ние сме во постојана комуникација сонадлежното Министерство за економија. Ќе направиме план како ќе делуваме за да ги заштитиме и земјоделците и граѓаните. Работиме на тоа како во наредниот период правилно да постапиме со цел земјоделците да не бидат оштетени зашто во минатото, оштетена страна единствено беа тие, а сите други имаа сериозен профит што беше на штета на граѓаните на Република Северна Македонија. Затоа, во наредниот период, заедно со Министерството ќе излеземе со конкретен план како ќе постапиме за да ги заштитиме и земјоделците и граѓаните“, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања.

Трипуновски најави дека започнува со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководството на министерството. Toj напомена дека одредени правни лица надвор од сите прописи земале државни пари.

„Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Љупчо Николовски како тогашен министер.

Народот покрај тоа што виде како работеше Николовски, денеска ќе има и прилика да слушне што се случувало во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство изминатите 7 години и како одредени правни лица надвор од сите процедури и прописи земале државни пари.

Првиот случај кој што сакам да го објавам е за правното лице АРЕКСПОРТ ДООЕЛ Увоз – Извоз од Струмица.

За нештата да бидат појасни во целост ќе ви ги објаснам постапките како преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се дозволило ова правно лице да земе противправно дури околу 30 милиони денари за субвенции.

Имено, Министерството за периодот од 2019-та година до 2022 година со фирмата од Струмица има склучено вкупно 19 договори за вкупна површина од 1.416 хектари.

По извршениот увид од страна на Државниот инспекторат за земјоделство е констатирано дека за 11 договори со површина од 941 хектар не се почитуваат одредбите од Договорот од страна на закупецот и требало да бидат раскинати.

При тоа врз основа на овие договори закупецот од Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој остварил приход по основ на субвенции од 485.000 евра.

Дополнително, закупецот требало преку бизнис план кој што го понудил до Министерството да инвестира над 2 милиони 450 илјади инвестиција на предметното земјиште, а во моментот на контрола од Државниот инспекторат за земјоделство е констатирано дека има инвестиција околу 300.000 евра.

Исто така инспекторите констатирале дека закупецот нема платено закупнина за 2022 и 2023-та година, со што дополнително е направена штета на Буџетот во износ од 60.000 евра.

Постапено е спротивно на член 8 и 8-а од Законот за земјоделско земјиште и воопшто не е евидентирано земјоделското земјиште кое не е обработувано по основ на склучените договори и не се преземени никакви мерки за опомена, укажување или раскинување на договорите“, вели Трипуновски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ