„Вчера, во 17:08 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено тригодишно дете од Куманово кое било затруено откако испило поголема количина таблети“, соопшти полицијата.
На местото излегле полициски службеници од СВР Куманово кои преземаат мерки за расчистување на случајот.