Клиентите, платформата за пријава на осигурен случај ќе можат да ја користат кога имаат потреба од рефундација или гаранција на средства за медицински услуги, за коишто имаат покритие согласно склучениот договор за осигурување. За пријава на осигурен случај онлајн, потребно е да имаат креиран кориснички профил на апликацијата OneID, кој што овозможува нивна лична електронска идентификација. Електронската идентификација е најсовремено дигитално решение, со високо ниво на доверливост, со кое што корисниците на апликацијата можат да се идентификуваат и дигитално да потпишуваат документи со својот електронски потпис. Трошоците за креирање и користење на овој профил за потребите на пријава на осигурен случај во потполност ги покрива Триглав осигурување. OneID профилот клиентите можат да го креираат на својот мобилен уред, со преземање на мобилната апликација OneID*.
Процесот на пријава е исклучително едноставен, овозможува брзо и безбедно поднесување на онлајн пријава за надомест на трошоци, а им нуди на клиентите увид во процесот на решавање на барањето, како и документацијата што ја потпишале и поднеле.
„Во денешниот дигитален пејзаж, кој што се развива со неверојатна динамика, посветени сме на искористување на моќта на технологијата, за да обезбедиме исклучително корисничко искуство. Развиваме и користиме дигитални решенија за да понудиме непречен пристап до нашите услуги, поставувајќи ги сигурноста и корисничката поддршка на дофат на клиентите. Онлајн пријавата на осигурен случај преку OneID за нашите клиенти на доброволно здравствено осигурување е исклучително иновативно, но воедно и едноставно решение, кое носи придобивки за обете страни, за клиентите, кои од удобноста на својот дом можат да побараат надомест за трошоци безбедно и брзо, но и за нас, затоа што ова решение значајно ги оптимизира, т.е. ги поедноставува и подобрува процесите на управување со пријавите. Дополнително, ова решение нуди транспарентност на процесот на пријава за надомест на трошоци и веруваме дека ќе им помогне на клиентите полесно да се справат со потешкотиите, со кои што се соочуваат во овие моменти”, изјави во оваа прилика главниот извршен директор на Триглав осигурување, Ѓорѓе Војновиќ.
Клиентите ќе можат да пристапат до платформата за онлајн пријава на осигурен случај за доброволно здравствено осигурување на следниот линк.