Како што информираа денеска од Центарот за управување со кризи теренот е непристапен, вегетацијата е сува и многу висока односно голосек со голема количина суви гранки и висока трева, а поради силниот ветер оганот бргу се шири кон висококвалитетна шима.
-Во моментов пожарот е локализиран, нема пламени јазици и чад но екипите работат на негово внатрешно гаснење, како и спречувањре на евентуална можноста за негово реактивирање, се наведува во соопштението од ЦУК.