Потврда за ова се чека од институциите, како и детали за причините и што му претходело на пламенот. Од локалната самоуправа бараат полицијата целосно да го расветли случајот.
„Се работи за сериозна информација. Не е шпекулација. Станува збор за тројца малолетници коишто живеат во непосредна близина на местото. Знаете, понекогаш нечија детска игра може да предизвика сериозна штета и фала на Бога што таму немаме материјална штета, немаме човечки жртви, што е многу важно“, вели Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Општина Кисела Вода.
Од министерството за внатрешни работи потврдуваат дека неколку лица се повикани на разговор.
„Повикани се неколку лица. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот, по што ќе следува и соодветен поднесок“, велат од МВР.