Министерот за внатрешни работи Герхард Карнер кажа дека 18-годишник е приведен синоќа во Виена откако наводно бил во контакт со главниот осомничен.
„Бил во контакт со главниот извршител, но не е директно поврзан со плановите за нападот. Но, како што се дозна пред неколку дена, тој на 6 август положил заклетва за верност на ИСИС“, кажа Карнер.
Според информациите на Ројтерс, уапсениот е државјанин на Ирак.
Главниот осомничен од 19 години и 17-годишник беа уапсени во вторникот, додека еден 15-годишник бил исто така испрашан, но не е уапсен.
Обележја на екстремистичките организации Исламска држава и Ал каеда австриската полиција нашла во куќата на еден од двајцата уапсени за планирање на напад на три концерти на пејачката кои требало да се одржат денес, утре и задутре.
Властите велат дека заговорот е инспириран од Исламска држава и Ал каеда. Истражителите во куќите на еден од осомничените нашле материјал за правење бомба.
Еден од осомничените признал дека планирал „да убие што е можно повеќе луѓе на местото на концертот“.