петок, 4 октомври 2024

Трамп за новото обвинение: Ми изгледа наместено

Објавено на

часот

Сподели

„Ми изгледа наместено“, одговори Трамп, кој води кампања за републиканските предизбори за повторно да ја освои Белата куќа во 2024 година, во порака објавена на неговата социјална мрежа Трутсоушл.

„Зошто не поднесоа обвинение пред две и пол години? Затоа што сакаа да го направат тоа среде мојата политичка кампања. Лов на вештерки!“ додаде тој.

Трамп се соочи со четврта кривична пријава во понеделникот, откако поротата во Џорџија го обвини за обид да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година, на кои беше поразен од демократот Џо Бајден.

Обвиненијата, поднесени од американската окружна обвинителка Фани Вилис, се најнови правни проблеми за Трамп, фаворит во трката за номинација на републиканците на претседателските избори во 2024 година. Обвинителите истакнаа 11 точки од обвинението против Трамп и неговите соработници, вклучително и фалсификување и рекетирање, кои вообичаено се користат против припадници на групи на организиран криминал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ