Тој му е близок соработник на Илон Маск, чија компанија Спејсекс ги водеше двете мисии со целосно цивилни екипажи во кои учествуваше Ајзакмен, пренесе АП.
Како дел од друга таква мисија наречена „Поларис зора“, Ајзакмен излезе од капсулата и изведе вселенска прошетка.
Ајзакмен, кој своето богатство го заработи водејќи ја својата компанија за електронско плаќање, ќе го замени на функцијата директорот на НАСА Бил Нелсон (82), поранешен демократски сенатор од Флорида, кој беше назначен од претседателот Џозеф Бајден.
Ајзакмен изјави дека е почестен со изборот на Трамп, како и дека е благодарен што може да извршува таква функција.
Тој на платформата Икс рече дека имајќи доволно среќа да ја види нашата фантастична планета од вселената, страсно гледа на „водечката улога на САД во најневеројатната авантура за освојување на вселената“.
I am honored to receive President Trump’s @realDonaldTrump nomination to serve as the next Administrator of NASA. Having been fortunate to see our amazing planet from space, I am passionate about America leading the most incredible adventure in human history.
On my last mission…
— Jared Isaacman (@rookisaacman) December 4, 2024
За време на мандатот на Нелсон, НАСА ги засили напорите за враќање на астронаутите на Месечината, а американската вселенска агенција смета дека Масковиот Спејсекс ќе ги спушти на површината на Месечината со својата мегаракета Старшип.
НАСА веќе ѝ го довери на компанијата на Маск транспорт на астронаути до и од Меѓународната вселенска станица, потсетува АП.
Маск преку социјалната мрежа Икс му честиташе на Ајзакмен за изборот, опишувајќи го како човек со „големи способности и интегритет“.