четврток, 12 декември 2024

Трамп вели дека не требало да ја напушти Белата куќа по последните избори

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека жали што ја напуштил Белата куќа по поразот на претседателските избори во 2020 година, нешто што никогаш не го признал.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ја имавме најбезбедната граница во историјата на нашата земја на денот кога заминав. Не требаше да заминам. Мислам, искрено, затоа што толку добро работевме“, рече републиканскиот претседателски кандидат на предизборниот собир во Литиц, Пенсилванија.

Трамп додаде дека сега има „стотици адвокати“ на секое избирачко место за претстојните претседателски избори.

Тој зборуваше за постигнувањата на своето претседателствување. „Имавме најдобра економија досега. Го имавме тој ѕид. Имавме сè“.

Трамп ги загуби претседателските избори во 2020 година од демократскиот противник Џо Бајден.

И до ден денес одбива да го признае поразот. Поранешниот претседател поднесе десетици тужби по победата на Бајден во 2020 година, кои пропаднаа на суд.

Неговото инсистирање дека победил и дека „победата“ му е украдена ги наведе неговите приврзаници да упаднат во Капитол во Вашингтон, седиштето на американскиот Конгрес, на 6 јануари 2021 година.

Трамп на крајот се држеше настрана од церемонијата на положување заклетва на Бајден подоцна истиот месец, кршејќи ја традицијата. Тој ја напушти Белата куќа неколку часа пред инаугурацијата.

Трамп ќе се кандидира против демократката Камала Харис на претседателските избори на 5 ноември. Тој изрази сомнеж во интегритетот на претстојните избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ