четврток, 27 февруари 2025

Трамп: Украина може да заборави на влезот во НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп, за време на седницата на кабинетот, изјави дека Украина „може да заборави“ на влезот во НАТО.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на новинарски прашања за руската војна и пристапувањето на Украина во НАТО, Трамп рече дека дискусијата за приклучувањето во алијансата веројатно е причина зошто целата работа започнала, веројатно мислејќи на војната во Украина.

Украина, која веќе три години се брани од руската инвазија во целосен опсег со поддршка од Западот, долго време се обидува да се приклучи на воениот сојуз. Русија постојано тврди дека НАТО ја загрозува нејзината безбедност и ја оправдуваше својата инвазија на соседната земја со спречувањето на Украина да се приклучи на алијансата.

Американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс истакна дека Трамп е „превентивно обвинет“ дека ѝ прави отстапки на Русија.

На состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина во Брисел пред две недели, американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет рече дека администрацијата на Трамп не верува дека членството на Украина во НАТО е реален исход од договорениот крај на војната.

Алијансата минатата година ја увери Украина дека е на „неповратен пат“ кон членство, според завршниот документ од самитот на НАТО во Вашингтон во јули.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ