Актуелната потпретседателка на Соединетите Американски Држави ја прифати официјалната номинација на својата партија претходно во август, откако претседателот Џо Бајден објави дека се повлекува од трката. Таа потоа го одбра гувернерот на Минесота Тим Волц да биде нејзин кандидат за потпретседател.
Маск одлучи да организира сопствени, мали избори на платформата Икс, која ја поседува.
„Бидејќи многу луѓе прашуваа, еве една супер ненаучна анкета“, објави милијардерот на својот профил.
Според резултатите од средата, од 5,8 милиони гласови, речиси три четвртини би гласале за Трамп во ноември, додека само четвртина од нив би ја поддржале Харис.
Overwhelming support for Trump https://t.co/xde5ChnT2U
— Elon Musk (@elonmusk) August 22, 2024
Претходно месецов Трамп за Ројтерс изјави дека ќе размисли за именување на Маск на некоја позиција во неговата администрација. „Ако тој би сакал тоа да го работи, јас секако би бил за тоа. Тој е брилијантен лик“, кажа кандидатот на републиканците.
Маск потоа напиша дека е „спремен да служи“.
Американскиот милијардер минатата недела го интервјуираше поранешниот американски претседател Трамп на својата социјална мрежа. Интервјуто беше најавено како „без ограничувања“ а до денес има повеќе од 275 милиони прегледи.
Трамп за време на разговорот ја нарече Харис „третокласна“, „неспособна“ и „левичарска будала“. Кампањата на Харис жестоко одговори на интервјуто на Трамп, осудувајќи го за „екстремизам и опасна агенда“.