Трамп ја објави својата фотографија со пораката: „Мешање во изборите. Никогаш не се предавај!” заедно со линк до својата веб-страница што води до страница за собирање средства, објави АП.
https://t.co/MlIKklPSJT pic.twitter.com/Mcbf2xozsY
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) August 25, 2023
Тоа е прва објава на Трамп на социјалната мрежа од 8 јануари 2021 година, кога Твитер го суспендираше неговиот профил на неодредено време, наведувајќи ја загриженоста дека тоа може да поттикне дополнително насилство откако неговите поддржувачи упаднаа во зградата на Капитол на 6 јануари истата година.
Профилот на Трамп беше вратен во ноември минатата година, набрзо откако американскиот милијардер Илон Маск ја презеде компанијата.
Трамп, сепак, досега не пишуваше пораки на Твитер, инсистирајќи на тоа дека е посреќен на својата платформа Трут соушл, која ја покрена за време на забраната.
Трамп, актуелниот кандидат за републиканска претседателска номинација, со месеци вели дека планира да се врати на платформата во, како што рече, „вистинското време“, според неименуван добро информиран извор.
Трамп ја објави пораката на платформата X додека со својот приватен авион леташе од Атланта до својата викенд куќа во американската држава Њу Џерси доцна во четвртокот, откако беше ослободен со кауција од 200.000 долари по поминати 20 минути во затвор.