сабота, 14 декември 2024

Трамп сака да го прекине летното сметање на времето: „Незгодно и скапо е за нашата земја“

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека кога ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, неговата партија ќе се заложи за „укинување на летното сметање на времето“ во САД за да се избегне сезонското менување на часовникот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Летното сметање на времето е незгодно и многу скапо за нашата земја“, наведе Трамп на својата платформа Трут соушл.

Илон Маск, мултимилијардерот кој неодамна беше назначен од Доналд Трамп да раководи со комисијата за намалување на јавната потрошувачка, коментираше на анкетата на својата социјална мрежа Икс кон крајот на ноември, која покажа дека повеќе од 80 отсто од гласачите рекле дека сакаат да го елиминираат летното сметање на времето.

„Изгледа дека луѓето сакаат да ги укинат досадните промени на часовникот!“, напиша шефот на Спејсекс и Тесла.

Но, желбата на Доналд Трамп да го прекине летното сметање на времето се чини дека е во спротивност со мнозинскиот став на Републиканската партија, која во 2022 година воведе предлог-закон да го направи трајно.

„Промената на времето е застарен концепт, кој е извор на фрустрации и конфузија“, тврдеше тогаш сенаторот Марко Рубио, авторот на нацрт-законот кого Трамп го номинираше за свој шеф на дипломатијата.

Тој воспостави директна причинско-последична врска помеѓу промените на часовникот и зголемувањето на „срцевите удари и сообраќајните несреќи“ и ги пофали потенцијалните корисни ефекти на постојаното летно сметање на времето врз економијата.

Во 2019 година, кога Марко Рубио го претстави првиот предлог-закон во оваа насока, претседателот Доналд Трамп напиша на Твитер: „Во ред е летното сметање на времето да биде трајно!“

Некои американски законодавци сакаат да останат на стандардно време во текот на целата година, некои бараат да се остане на летното сметање на времето во текот на целата година, додека други сакаат да се задржи статус кво.

Претседателот Џо Бајден никогаш не заземал јавен став по ова прашање.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ