Русија беше членка на Осумте индустриски најразвиени земји (Г8), а беше исклучена по анексијата на црноморскиот полуостров Крим во 2014 година, по што групата се нарекува Г7.
„Би сакал да се вратат. Мислам дека беше грешка што беа исфрлени. Видете, тоа не е прашање дали ви се допаѓа Русија или не. Тоа беше Г8“, кажа Трамп во Белата куќа.
Тој им се обрати на новинарите најавувајќи план за нови реципрочни мерки. „Мислам дека (рускиот претседател Владимир) Путин би сакал да се врати“, кажа Трамп. Засега нема реакција од Канада која претседава со Г7 оваа година.