Си-би-ес ги покани претседателските кандидати на одделни интервјуа кои ќе бидат емитувани пред изборите во ноември, објави АП.
Тимот на емисијата „60 минути“ рече дека кампањата на Трамп првично се согласила на интервјуто.
Харис и Трамп учествуваа на дебата на 10 септември. Иако Харис ја прифати поканата на Си-ен-ен за втора дебата подоцна овој месец, Трамп не ја прифати.
Вчера, Си-би-ес беше домаќин на потпретседателската дебата меѓу републиканскиот сенатор од Охајо, Џеј-Ди Венс и демократскиот гувернер на Минесота, Тим Волц.