четврток, 27 февруари 2025

Трамп одби да одговори дали ќе ѝ дозволи на Кина да го врати Тајван

Американскиот претседател Доналд Трамп денес одби да одговори на прашање на новинар за тоа дали Соединетите Американски Држави ќе ѝ дозволат на Кина со сила да ја преземе контролата над Тајван.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Никогаш тоа не го коментирам“, кажа Трамп во Белата куќа. „Не сакам никогаш да се ставам во таа позиција“.

Трамп за време на седница на кабинетот одговараше на прашања на новинарите за тоа дали неговата политика е дека Кина не може да го заземе Тајван со сила додека тој е претседател.

Трамп кажа дека планира да има добри односи со Кина, вклучувајќи прекугранични инвестирања, и покрај тоа што воведе дополнителни царини на кинеската роба.

Вашингтон долго се придржуваше до политиката на „стратегиска двосмисленост“ според која не објаснува дали воено би одговорил на напад на Тајван. Претходникот на Трамп Џо Бајден за време на својот мандат зазема поинаков став, кажувајќи дека американските сили би го бранеле Тајван ако Кина го нападне.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ