Видеото објавено во петокот покажува две возила украсени со американски знамиња, знаме Блу лајвс метр – кое покажува поддршка за силите на спроведување на законот – и други. На страната на црниот пикап се гледаат зборовите „Трамп 2024“. Насловот на објавата се чини дека укажува дека камионите биле забележани на Лонг Ајленд, Њујорк, во четвртокот, каде Трамп присуствувал на комеморација за њујоршки полицаец кој бил убиен од огнено оружје, објави Тајм.
Но, она што најмногу ги вознемири критичарите е сликата на врзаниот претседател Бајден што создава илузија дека го држат во задниот дел на пикап камион.
„Овој пост на Доналд Трамп е оној вид на глупости што ги ширите кога повикувате на крвопролевање или кога им велите на Прауд бојс „бидете подготвени“. Трамп редовно поттикнува политичко насилство и време е луѓето да го сфатат сериозно. Прашајте ги за тоа полицајците од Капитол кои беа нападнати штитејќи ја нашата демократија на 6 јануари“, рече Мајкл Тајлер, директор за комуникации за Бајденовата кампања.
Shocking, even for the depraved monster that he is. Trump has posted a video on Truth Social that depicts an image of President Biden tied up and bound in the back of a pickup truck. pic.twitter.com/l7wPWbTv3j
— Mike Sington (@MikeSington) March 29, 2024
Портпаролот на Трамповата кампања Стивен Чеунг за Тајм изјави: „Сликата била на задниот дел на пикап камион што возел по автопатот. Демократите и лудаците не само што повикуваат на насилство против претседателот Трамп и неговото семејство, тие всушност го користат и правосудниот систем против него“.
Трамп повеќе пати беше обвинет за поттикнување насилство поради својата реторика за време на претседателската кампања во 2016. Федералните власти претходно го предупредија Трамп да се воздржи од реторика која може да „поттикне насилство или граѓански немири“.