четврток, 20 март 2025

Трамп: Не нè загрижува Путин, туку мигрантите, да не завршиме како ЕУ

Доналд Трамп даде кратка изјава на својата социјална мрежа Трут соушл по одржувањето на самитот во Лондон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Треба помалку да се грижиме за Путин, а повеќе за банди на силувачи меѓу мигрантите, нарко босови, убијци и луѓе од психијатриски институции кои влегуваат во нашата земја – да не завршиме како Европа!“ рече тој.

Европските лидери се состанаа на клучен самит во Лондон по расправијата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот украински колега Володимир Зеленски во петокот во Белата куќа. Трамп го обвини Зеленски дека е неблагодарен за американската помош, дека покажа непочитување кон неговата земја и ризикува Трета светска војна, фрлајќи сомнеж дали Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува Украина. Зеленски ги напушти преговорите и САД.

Зеленски, кој разговараше со новинарите по самитот со европските лидери во Лондон, рече дека не верува дека САД ќе ја прекинат помошта за Украина, бидејќи како „лидери на цивилизираниот свет“ не би сакале да му помогнат на рускиот претседател Владимир Путин.

Сепак, Зеленски рече дека е подготвен за сите предизвици што може да се појават. „Во однос на спасувањето на односите, мислам дека нашиот однос ќе продолжи“, изјави тој за новинарите по средбата во Лондон.

„Мислам дека не е правилно кога таквите дискусии се целосно јавни. Форматот на она што се случи, мислам дека не донесе ништо позитивно или дополнително за нас како партнери“, додаде тој. Зеленски напомена дека сè уште е подготвен да го потпише предложениот договор за минерали со Соединетите Држави и дека верува дека и САД ќе бидат подготвени да го сторат тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ