вторник, 18 март 2025

Трамп најави средба на претставници од Русија, Украина и САД: „Киев не сака со Русите“

Американскиот претседател Доналд Трамп за денеска најави „средба во Минхен на високи претставници од Русија, Украина и САД“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Денеска почнува Меѓународната безбедносна конференција во Минхен и ќе трае до 16 февруари.

Трамп им рече на новинарите во Овалната соба дека „Русите таму ќе се состанат со луѓе од САД“. „И Украина беше поканета. Не знам точно кој ќе ја претставува секоја земја, но тоа ќе бидат високи функционери од Русија, Украина и САД“, рече Трамп.

Белата куќа, контактирана од АФП, не дала повеќе детали.

Киев набргу објави дека не размислува за учество на состанокот во Минхен со руските претставници што го најави Трамп.

„Договорениот заеднички став (со сојузниците на Киев) мора да биде на маса за разговорот со Русите“. (…) Засега нема ништо на маса. Не се планирани разговори со Русите“, изјави за новинарите Дмитро Литвин, советник на претседателот Володимир Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ