петок, 4 октомври 2024

Трамп казнет со 350 милиони долари за финансиска измама

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е казнет со 350 милиони долари поради финансиска измама, пумпање на вредноста на своите недвижности за стекнување деловни погодности.

Објавено на

часот

Сподели

Артур Енгорон, судија од Њујорк, му пресуди на Трамп дека три години не смее да врши функција директор на фирма во таа сојузна држава.

Неговиот синови Доналд Трамп Помладиот и Ерик Трамп се казнети со по четири милиони долари, а забрането им е да бидат на чело на компанија во Њујорк во период од две години.

Поранешниот претседател на САД претходно изјави дека ова судење е политички лов на вештерки.

Тужбата против Трамп и неговото семејство ја поднесе пред две години државната обвинителка на Њујорк Летиша Џејмс.

Ги обвини дека со лажирање на нето вредноста во клучни финансиски извештаи обезбедиле даночни олеснувања за работењето во Њујорк. Обвинителката бараше казна од 370 милиони долари.

Адвокатите на Трамп ќе поднесат жалба на одлуката, но тој и неговото семејство сепак мора во меѓувреме да ги соберат парите или да обезбедат гаранција во рок од 30 дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ