„Сите знаат дека под никои околности не би ја поддржал федералната забрана на абортусот и би ставил вето на тој закон, бидејќи државите треба да одлучат за тоа врз основа на волјата на народот“, порача Трамп на својата платформа Трут соушал.
„Како и Роналд Реган пред мене, целосно поддржувам три исклучоци – кога станува збор за силување, инцест и кога е загрозен животот на мајката“, додаде тој.
EVERYONE KNOWS I WOULD NOT SUPPORT A FEDERAL ABORTION BAN, UNDER ANY CIRCUMSTANCES, AND WOULD, IN FACT, VETO IT, BECAUSE IT IS UP TO THE STATES TO DECIDE BASED ON THE WILL OF THEIR VOTERS (THE WILL OF THE PEOPLE!). LIKE RONALD REAGAN BEFORE ME, I FULLY SUPPORT THE THREE…
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 2, 2024
Трамп повеќе пати кажа дека не би потпишал федерална забрана на абортусот, но за време на минатомесечната дебата со потпретседателката на САД Камала Харис не одговори прецизно дали би се обврзал на тоа.
Прашањето на абортусот е едно од клучните во кампањата за претседателските избори во САД и се смета дека Харис токму на таа тема стекнала јасна предност во однос на Трамп кога станува збор за поддршката од жените.