среда, 11 декември 2024

Трамп избра амбасадорка во ОН, таа го нападна „катастрофалното раководство“ на САД

Стефаник, цврста бранителка на Израел, е првиот избор на новоизбраниот претседател во кабинетот за неговиот втор мандат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја одбра републиканската американска претставничка Елиз Стефаник за амбасадорка на САД во Обединетите нации, соопштено е синоќа.

„Чест ми е што ја номинирав претседавачката Елиз Стефаник да служи во мојот кабинет како амбасадорка на САД во Обединетите нации. Елиз е неверојатно силен, цврст и паметен борец за Америка пред сѐ“, се вели во вчерашната изјава на новоизбраниот претседател.

Стефаник (40), претставничка образован на Харвард од државата Њујорк и претседавачка на републиканската конференција на Претставничкиот дом, му беше жесток сојузник на Трамп. Во објава на Икс, таа рече дека ја прифатила номинацијата.

„Работата што претстои е огромна бидејќи гледаме дека антисемитизмот вртоглаво расте заедно со четиригодишното катастрофално слабо американско лидерство, кое значително ја ослабе нашата национална безбедност и го намали нашиот углед во очите на сојузниците и на противниците“, рече Стефаник.

„Подготвена сум да го унапредам враќањето на мирот со претседателот Доналд Џеј Трамп со геслото Америка пред сѐ, прво преку силно лидерство на светската сцена од првиот ден во Обединетите нации“, рече таа.

Номинацијата на Стефаник треба да ја одобри Сенатот, што се очекува откако нејзините колеги републиканци ја вратија контролата врз горниот дом на минатонеделните избори.

Обединетите нации го планираа враќањето на Трамп и кратењата на американското финансирање и ангажманот во светската организација, кои најверојатно ќе дојдат со неговиот втор четиригодишен претседателски мандат.

Повлекувањето на САД во ОН може да ја отвори вратата за Кина, која го гради своето влијание во глобалната дипломатија и, како и САД, е една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН.

Трамп даде малку детали за надворешната политика во неговиот втор мандат, но поддржувачите велат дека силата на неговата личност и неговиот пристап „мир преку сила“ ќе помогнат странските лидери да ѝ се покорат на неговата волја. Тој вети дека ќе ја реши војната во Украина и се очекува да обезбеди силна поддршка за Израел во неговите конфликти со Хамас и Хезболах во Газа и јужен Либан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ