вторник, 15 октомври 2024

Трамп им се предаде на властите во затворот во Џорџија, објавена е неговата полициска фотографија

Објавено на

часот

Сподели

Трамп, кој е заведен како затвореник со број П01135809, по 20 минути поминати во затвор е ослободен со кауција, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на податоци од затворот во округот Фултон.

Во текот на постапката тој влезе во историјата како прв поранешен американкси претседател кој се појавил на полициска фотографија. Вво претходните три случаи тој не бил фотографиран, пренесува Гласот на Америка.

Неговите адвокати и обвинители веќе се согласија на кауција од 200.000 долари, заедно со условите кои вклучуваат забрана на поранешниот претседател да заплашува други обвинети, сведоци или жртви, вклучително и на социјалните мрежи.

Обраќајќи им се на новинарите на аеродромот во Атланта, пред да се врати во својот голф клуб во Њу Џерси, Трамп повтори дека обвинувањата се политички мотивирани.

„Ова што се случи овде е изопачување на правдата. Не направив ништо погрешно и сите го знаат тоа… Имаме право да ги оспориме изборите за кои мислиме дека се неправедни“, рече Трамп и додаде дека обвиненијата против него се мешање во изборите.

Десетици поддржувачи на Трамп се собраа пред окружниот затвор во Атланта, вклучувајќи ја и членката на Претставничкиот дом на Џорџија, Марџори Тејлор Грин.

Бизнисменот и поранешната реалити ѕвезда што стана политичар ќе им се придружи на гангстерот Ал Капоне, пејачот Френк Синатра и на други познати Американци кои позирале за затворска фотографија. Сликата сигурно ќе ја пренесат и непријателите и поддржувачите на Трамп бидејќи ќе биде јавна.

„Сакаме да ја ставиме на маица. Ќе се рашири ширум светот. Ќе биде попопуларна слика од Мона Лиза“, рече Лаура Лумер (30), републиканска поранешна кандидатка за Конгресот, која се дружеше со другите поддржувачи на Трамп пред затворот во четвртокот наутро.

Пред него, неколку од неговите 18 сообвинети престојуваа во преполната и ноторно нехигиенската установа во Џорџија, која последните денови ја следеа медиумите ширум светот. Сите тие на 14 август беа обвинети за незаконски обид за поништување на резултатите од изборите во 2020 година, на кои во оваа клучна држава победи актуелниот демократски претседател Џо Бајден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ