петок, 24 јануари 2025

Трамп им порача на земјите од БРИКС: Царина од 100 отсто ако престанат да користат американски долари

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп им се закани на земјите-членки на БРИКС со царини од 100 отсто доколку тие ја поткопаат доминацијата на доларот, додека некои од овие земји размислуваат да не го користат доларот во меѓународната трговија.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Бараме овие земји да се обврзат да не создаваат нова валута на БРИКС и да не поддржуваат друга валута што ќе го замени моќниот американски долар“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл.

Тој додаде дека во спротивно, на тие земји ќе им биде воведена царина од 100 отсто и „ќе се збогуваат со продажбата во прекрасната американска економија“.

Групата БРИКС вклучува девет држави, меѓу кои Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

Оваа група сака да ја намали доминацијата на Западот во светот.

Во областа на финансиите, групата разгледа начини како да се избегне користењето на доларот, кој служи како референтна валута за глобалната трговија. Земјите од БРИКС, исто така, размислуваа да создадат сопствена заедничка валута.

Меѓутоа, тој проект, кој би подразбирал откажување од дел на суверенитетот во рамките на група многу хетерогени земји, сè уште е многу далеку од реализација.

За време на самитот на БРИКС во Казан на крајот на октомври, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во оваа фаза се откажува од создавање на единствена заедничка валута, оценувајќи „дека оваа идеја сè уште не е созреана“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ