„Потпретседателката Харис и поранешниот претседател Трамп двајцата потврдија дека ќе учествуваат во дебатата на Еј-би-си“, се наведува.
Трамп претходно, на конференција за новинари на Флорида, предложи да се одржат три дебати со Харис во текот на септември.
На тој датум беше закажана втората дебата на Трамп со актуелниот претседател на САД Џо Бајден, кој се повлече од трката за втор мандат.